Печатење икони

Во денешното време полно со стресови и искушенија, многумина си го бараат својот мир и спокој во верата и религијата. Бидејќи е време на модерни технологии ние го споивме модерното и корисното. Изработуваме икони во секоја димензија и за секој дом, канцеларија, компанија, оргинален подарок за домашни слави, празници, свадби. Завршната обработка може да е најразлична во зависнот од желбата на нарачателот. Печатиме директно на дрво, пластика, стакло како и на специјални фолии со големо времетраење. Исто така можеме да ви понудиме уметничко сликање од професионалци на икони во мали димензии кои подоцна со помош на ротационен сканер ќе бидат пренесени во дигитален формат во неколкукратно поголеми димензии со екстремно висока резолуција.Исто така изроаботуваме икони на канвас 100% памук со специјални УВ водени бои со трајност поголема од 100 години во соларни услови и неограничена трајност во простории без сончева светлина и светилки од блиц. Повелете на консултации во пријатна и пријателска атмосфера за секое прашање или контактирајте не преку нашиот е-маил.




MKD-ENG-ALB